Достапни линкови

САД распоредуваат 330 војници во Норвешка


Министерката за одбрана на Норвешка Ине Ериксен Соерејде

Соединетите држави ќе распоредат 330 војници во Норвешка, земја која се граничи со Русија, објави норвешката влада. Американските војници ќе бидат стационирани во Верн, блиску до Трондхајм во централниот дел на земјата на околу илјада километри од руската граница. САД веќе имаат воена опрема во Норвешка која е членка на НАТО, но не и свои војници таму. За да ги смири страхувањата на својот советски сосед, Норвешка пред да стане членка оснивач на НАТО во 1949 година се обврза на својата територија да не дозволи распоредување странски војници се додека не биде нападната или пак и се заканува напад. Ова распоредување би можело да наиде на негодување од Русија.

XS
SM
MD
LG