Достапни линкови

Најмалку 58 загинати во напад во полициски центар во Пакистан


архивска снимка

Најмалку 58 луѓе биле убиени во вооружен напад врз еден полициски центар за обука во југозападниот пакистански регион Балучистан, јавија пакистанските власти. Се наведува дека пет до шест вооружени лица се обиделе да влезат во хостелот во рамките на полицискиот центар кој се наоѓа во предградието на главниот град на провинцијата, Кета. Досега никој не ја презеде одговорноста за нападот. Во Балучистан се води бунт од помал интензитет за одвојување на тој дел од земјата, а во таа провинција која се граничи со Авганистан исто така дејствуваат и исламски екстремисти.

XS
SM
MD
LG