Достапни линкови

Вучиќ: Во Србија подготвуван заговор против Црна Гора


Премиерот на Србија Александар Вучиќ

Премиерот на Србија Александар Вучиќ, по состанокот на Бирото за координација на службите за безбедност, изјави дека на територијата на Србија биле подготвувани нелегални активности во Црна Гора. Тој прецизира дека во Србија биле задржани лица под сомневање дека го следеле премиерот на Црна Гора Мила Ѓукановиќ. Вучиќ додаде дека безбедносните служби нашле цврсти материјални докази дека во заговорот бил инволвиран и пензиониран генерал кој не го именува и кој планирал напади врз црногорски институции и функционери. Тој исто така рече дека во случајот не биле вмешани политичари ниту од Србија, ниту од Црна Гора.

XS
SM
MD
LG