Достапни линкови

Во Малта загинаа вработени во француското Министерство за одбрана


Авионот „Метролинер“ по падот, Малта 24.10.2016.

Тројца вработени во Министерството за одбрана на Франција и двајца пилоти загинаа во авионската несреќа во Малта. Мал авион со пет патници се урна денеска кратко по полетувањето од меѓународниот аеродром во Малта. Властите во Малта соопштија дека летот бил дел од француска операција за следење на недозволена трговија со дрога и луѓе. Авионот требало да стигне во Либија. Либија е главната појдовна точка за десетици илјади мигранти кои им плаќаат на шверцери да ги доведат до Европа со брод.

Властите соопштија и дека се пронајдени и телата на загинатите.
Француското Министерство за одбрана отпочна истрага за причините за несреќата. По несреќата меѓународниот аеродром во Малта беше затворен за сообраќај неколку часа.

XS
SM
MD
LG