Достапни линкови

Москва согласна за вооружена мисија на ОБСЕ во Украина


Архивска фотографија - Протест во Доњецк против вооружена мисија на ОБСЕ, 10 Јуни, 2016.

Москва ја поддржува идејата за создавање на вооружена мисија на ОБСЕ во источниот дел на Украина, но руските власти се сомневаат дека таква сили може да се формираат наскоро. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков денеска изјави дека рускиот претседател Владимир Путин „ одговорил со потенцијална согласност на идејата за таква мисија“.

Но на идејата на вооружена мисија на ОБСЕ се спротивставуваат претставниците на сепаратистичките движења во Луганск и Доњецк. За идејата на таква мисија се разговараше на самитот во Берлин, кој се одржа на 20 октомври.

XS
SM
MD
LG