Достапни линкови

ВМРО-ДПМНЕ : СЈО да стане професионална институција


Средба на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски со политичките партии од коалицијата „За подобра Македонија“, 24.10.2016.

Изјавата на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева дека вработувањето на нејзиниот внук во СЈО не претставува непотизам, е врв на нејзиното потценување на граѓаните и лицемерие кон принципите за транспаретност и за праведно работење, изјави Антонио Милошоски, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Тој вели дека Катица Јанева и нејзиниот тим го претвориле Специјалното јавно обвинителство во партиска испостава на СДСМ и дека вдомуваат нивни блиски луѓе на државен буџет.

Милошоски вели дека ВМРО-ДПМНЕ го поддржа формирањето на СЈО, но нема да поддржува и да оправдува постапки коишто ја девалвираат правната фела.

„Сметаме дека е крајно време СЈО да престане да води политички активизам и да стане професионална институција“, рече Милошоски.


XS
SM
MD
LG