Достапни линкови

Членови на „Беса“ преминале во Движењето за реформи - ДПА


Антивладин протест на Беса, јули, 2015.

Петмина членови на „Беса“ преминале во Движењето за реформи - ДПА, соопштија денеска на прес конференција од Движењето. Потпретседател на Движењето за реформи - ДПА, Агон Ферати, изјави дека се работи за четири потпретседатели на подоограноци на Општина Тетово и еден член на претседателството на огранокот на Тетово.

Пред неколку денови опозициски партии на Албанците потпишаа договор за заеднички настап на изборите закажани за 11 декември. Во коалицијата членуваат Движењето за реформи -ДПА, Унитети и НДП.

Ферати, денеска на прес конференцијата изјави дека се надева оти и „Беса“ ќе се приклучи на нивната коалиција.

XS
SM
MD
LG