Достапни линкови

За гласање се пријавиле 540 македонски граѓани од странство


Архивска фотографија - Гласање во вториот круг од претседателските и предвремените парламентарни избори во Охрид, 2014.

Вкупно 540 граѓани на Македонија, кои се на привремена работа во странство или престојуваат таму, до денеска до 14 часот, се пријавиле преку електронската апликација на веб страницата на Државната изборна комисија (ДИК) за гласање за претстојните предвремени избори.

Како што соопшти ДИК, вкупно 217 пријави се прифатени, 19 се одбиени, а 304 пријави се во фаза на обработка.

Државната изборна комисија ги повикува сите граѓани на Македонија кои се на привремена работа или престој во странство да се пријават за гласање за претстојните избори. Пријавувањето може да се врши преку електронската апликација ставена на веб страницата на ДИК.Пријавувањето во дипломатско-конзуларните претставништва, односно во конзуларните канцеларии, ќе трае до 11 ноември 2016 година.

XS
SM
MD
LG