Достапни линкови

Русија се повлекува од договорот со САД за плутониум


Заменик министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Рјабков се обраќа пред пратениците, 19 октомври 2016.

Комитетот за надворешни работи во Горниот дом на рускиот парламент го одобри законот за суспендирање на договорот меѓу Русија и САД за отстранување на плутониум. Комитетот денеска го повика Горниот дом да го донесе законот, кој веќе помина во Долниот дом.

Претседателот Владимир Путин го предложи законот во кој се предвидени и условите под кои Русија ќе ја разгледа можноста за продолжување на договорот. Меѓу условите се и прекин на американските санкции против Русија поради прекршување на човековите права, компензација за Русија поради трошоците предизвикани од санкциите и намалување на американското воено присуство во земјите од НАТО.

Заменик министерот за надворешни работи Сергеј Рјабков пред пратениците рече дека е очигледно дека сегашната американска администрација на САД нема да ги укине санкциите или да го намали американското воено присуство во Европа. Тој рече дека Вашингтон постојано ѝ поставува барања на Москва и оти со ова Русија испраќа сигнал дека тоа треба да прекине.

XS
SM
MD
LG