Достапни линкови

Фудбалски навивачи повредиле полицајци


Архивска фотографија - Фудбалскиот стадион во Битола.

Шест полицајци од Кочани биле повредени по вчерашниот фудбалски натпревар „Брегалница“ - „Пелистер“, откако интервенирале поради нарушување на јавниот ред и мир, соопшти денеска МВР.

Инцидентот го предизвикале навивачи на ФК „Пелистер“ кои на заминување сакале да се пресметаат со навивачи на ФК „Брегалница“. Полицајците кои сакале да го спречат инцидентот, биле физички нападнати од поголем број навивачи. Покрај нив, телесни повреди здобиле и навивачи. Сите се пренесени во Клиничкиот центар Кочани каде им е укажана лекарска помош. Полицијата за настанот привела пет луѓе од Битола.


XS
SM
MD
LG