Достапни линкови

Престрелки во Камшир, тројца загинати


Индиски војник чува стража на индиско-пакистанската граница, 3 октомври, 2016

Во меѓугранични престрелки во спорниот регион Кашмир, се убиени двајца пакистански цивили и еден индиски војник, потврдија и индиските и пакистанските власти. Пакистанската армија соопшти дека цивилите, од кои едно бебе, се убиени во селото Јанглора за време на престрелките меѓу пакистанските и индиските војници. Во инцидентот се повредени уште седум луѓе.
Од индиска страна велат дека е убиен еден нивен граничар, а друг е повреден. И двете страни меѓусебно се обвинуват дека другата провоцира со пукање и гранатирање, по што следи одговор.

Тензиите се зголемија откако Индија обвини дека милитанти кои се стационирани во Пакистан нападнале воена база во индискиот дел на Кашмир на почетокот на септември, при што загинаа 18 војници.

Кашмир е поделен меѓу Индија и Пакистан од крајот на британското владеење во 1947 година. И двете страни тврдат дека територијата е нивна и се борат за неа.

XS
SM
MD
LG