Достапни линкови

Ирак негира дека турски сили учествуваат во битката за Мосул


Припадник на ирачките сили пуши цигара во село во близина од Мосул откако повторно ја повратија контролата врз селото Ал Кувајн, 23 октомври 2016.

Турција не учествува во операцијата за ослободување на Мосул од милитантите на „Исламска држава", се наведува во соопштението од ирачката команда. Од таму наведуваат дека турски силе не учествуваат во каква било форма за ослободување на провинцијата Ниневија, циј центар е Мосул. Претхдно Анкара соопшти дека пружа воена поддршка во оваа битка.

Вчера, турскиот премиер Бинали Јилдирим изјави дека турската артилерија нанела удари на позиции на ИД во северен Ирак - во градот Башика, на околу 25 километри од Мосул. Тој рече дека интервенирале по барање на ирачките курдски борци Пешмерга.

XS
SM
MD
LG