Достапни линкови

Конгресот на Венецуела: владата изведе државен удар


Опозицијата во Венецуела на протст против владата на претседателот Мадуро, Каракас 2016.

Конгресот на Венецуела прогласи дека вчера владата извела државен удар, а пратениците ветија дека ќе му се суди на претседателот Николас Мадуро. На седницата на парламентот која е прекината кога приврзаниците на владата упаднале во салата, пратениците предложиле и смена на националната изборна комисија и на судиите во Врховниот суд. Пратеникот Хулио Боргес изјави дека Конгресот во кој опозицијата има мнозинство, сега е во отворен бунт против владата. Највисокиот суд во земјата во четвртокот ја блокира кампањата на опозицијата за распишување референдум за отповикување на Мадуро. Анкетите покажуваат дека поради големата инфлација 80 насто од избирачите сакаат тој да си замине од власт.

XS
SM
MD
LG