Достапни линкови

Отстранување на мигрантскиот камп кај Кале


мигрантскиот камп во близина на северниот град Кале, познат под името „Џунгла“

Властите во Франција соопштија дека подготвувале отстранување на мигрантскиот камп во близина на северниот град Кале, познат под името „Џунгла“. Во него има околу 6 ипол илјади мигранти од Африка, Блискиот Исток и Централна Азија во надеж дека преку каналот Ла манш ќе можат да стигнат во Британија. Францускиот суд во минатата недела донесе одлука за отстранување на кампот, а околу 1250 полицајци се повикани да помогнат во таа операција која се очекува да трае една недела. Мигрантите ќе бидат пренесени во официјални кампови каде што ќе можат да аплицираат за азил. Одлуката за затворање предизвика нереди кампот.

XS
SM
MD
LG