Достапни линкови

Турција инсистира на безвизен режим со ЕУ


Турскиот премиер Бинали Јилдирим ј

Турскиот премиер Бинали Јилдирим ја повика Европската унија да го исполни своето ветување за воведување на безвизен режим со Турција. Говорејќи на крајот од дводневниот состанок на раководството на владејачката Партија на правдата и развојот, тој посочи дека политиката на Анкара во однос на евроинтеграциите може да биде ревидирана. „Турција ги исполни своите обврски без приговори и условување. Ние нема да се поколебаме да ги преземеме потребните чекори, ако видиме дека за нашите постапки не се преземат соодветни чекори“, рече Јилдирим. Министерот на Турција за прашањата на ЕУ Омер Челик, пред неколку дена изјави дека Анкара ќе го прекине договорот со ЕУ за мигрантите, ако до крајот на годината со неа не биде воведен безвизен режим.

XS
SM
MD
LG