Достапни линкови

Во Алепо продолжија борбите


Алепо

Во сирискиот град Алепо продолжија борбите, ден по истекот на 72 часовниот „хуманитарен“ прекин на огнот кој беше прогласен од режимот во Дамаск и неговиот сојузник Русија. Сириската Опсерваторија за човекови парава соопшти дека воздушните напади продолжиле врз источните делови на градот кои се под контрола на бунтовниците. Во текот на ноќта, според оваа Опсерваторија со седиште во Лондон, имало борби на линијата на фронтот меѓу владините и бунтовничките сили. Во борбите, како што се наведува, загинале 20 борци на поранешниот огранок на Ал каеда, Фронтот Фатех ал Шам.

XS
SM
MD
LG