Достапни линкови

Авганистан со зголемено производство на афион


Поле со афион во Авганистан

ОН соопштија дека одгледувањето на опиум во Авганистан е зголемено за 10 проценти во 2016 година. Според извештајот, целсониот регион на кој се одгледува афион во земјата изнесува 201 илјада хектари. Зголемувањето на производството, како што е наведено, е резултат на добрите временски услови, ниската контрола од властите и опаѓањето на меѓународните операции против наркотици.

Од ОН наведуваат дека има и зголемување од 30 проценти на приносот на афион. Неговите одгледувачи често се оданочуваат од страна на талибанците кои ги користат парите во борбата против НАТО и сојузниците. Авганистанскиот афион се користи за производство на хероин.

XS
SM
MD
LG