Достапни линкови

Втор круг парламентарни избори во Литванија


Гласањето на првиот круг на изборите во Литванија

Во Литванија денеска се одржува вториот круг од гласањето на парламентарните избори. Во вториот круг се гласа за 68 места од 141 место во Парламентот. Според анкетите, лидерот на партијата Унија на татковината, Габриелиус Ландсбергис би можел да биде наредниот премиер на земјата доколку успее да направи коалиција во наредниот состав на Парламентот.

Во правата рунда на изборите на 9 октомври, конзервативната партија на Ландсбергис освои 21,7 процент од гласовите и осигура 22 места во Парламентот, а зад неа се најде централистичката Партија на литванските селани и зелена унија со 21,53 проценти односно 21 пратеничко место.

XS
SM
MD
LG