Достапни линкови

Одбележување на Денот на македонската револуционерна борба


Во Македонија денеска се одбележува 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба. По тој повод, делегации на Собранието и на Владата ќе положат цвеќе пред споменикот на основачите на ВМРО во Паркот „Жена борец“. Во Собранието ќе биде доделена и државната награда „23 Октомври“ за 2016 година за долгогодишни остварувања во областа на науката, културата, образованието, заштитата на државните интереси и промоција на државните приоритети, вредности и културно-историското наследство на Македонија.

Формирањето на ВМРО беше почеток на организираното македонско револуционерно движење кое преку Илинден 1903, Крушевската република и преку НОВ резултира со создавање модерна самостојна македонска држава.

XS
SM
MD
LG