Достапни линкови

Железничка несреќа во Камерун, најмалку 63 загинати


Илустрација

Најмалку 63 луѓе загинаа и над 500 се повредени при вчерашната железничка несреќа во Камерун. Спасувачките екипи и денеска се обидуваат да го исчистат теренот и да дојдат до заглавените преживеани од несреќата. Возот патувал од главниот град Јаунде до пристанишниот град Дуала во петокот вечерта кога излетал од шините во близина на градот Есека.Претставник на властите во Камерун соопшти дека засега нема никакви индиции за која е можната причина за несреќата, и дека засега фокусот е на спасувачките акции.Возот за време на несреќата превезувал 1 300 патници.

XS
SM
MD
LG