Достапни линкови

Хакери од Кина и Русија преземаа одговорност за нападот врз Твитер


Твитер лого

Група хакери од Кина и Русија ја презедоа одговорноста за масивните сајбер напади што предизвика прекини на популарни веб страници од источниот дел на САД, потоа во Европа и Азија. Групата наречена Новиот свет на хакери ја презема одговорноста за нападите извршени врз социјалната мрежа Твитер.
„ Ние не го направивме ова за да ги нападнеме федералните агенти, туку само да ја тестираме нашата моќ, “ напишаа на своите твитер профили двајца членови кои се деклариираат дека се дел од групата хакери. Според напишаното на твитер профилот 20 тина членови на групата се од Русија а 10 од Кина.

XS
SM
MD
LG