Достапни линкови

Турција:Однесувањето на Ирак е провокативно


Турскиот премиер Бинали Јилдирим

Турскиот премиер Бинали Јилдирим денеска изјави дека раководството на Ирак се однесува „провокативно" со последните коментари и изјави дека Анкара ќе продолжи да има присуство во Ирак. Тој посоли дека Турција нема да потклекне на ничии закани и ќе продолжи да ја спроведува својата политика како и досега.

„ Во последните денови имаше предупредувања од Ирак. Ние нема да го слушаме ова, никој не може да ни кажува да не се грижиме за регионот, рече Јилдирим на конференција на владејачката Партија на правдата и развојот, која оваа недела се одржува во западниот турски округ Афион.

Турција и Ирак имаат несогласувања околу присуството на турски војници во кампот „Башика" во близина на Мосул, каде што таа обучува илјади војници.

XS
SM
MD
LG