Достапни линкови

СЈО очекува разрешување на недоразбирањето со УБК


Прес конференција во Специјалното јавно обвинителство, обвинителките Ленче Ристоска и Фатиме Фетаи, 20.10.2016.

Специјалното јавно обвинителство најави дека денеска повторно ќе се врати во Управата за безбедност и контраразузнавање за да продолжи со својата работа. Вчеравечер еден од истражителите на СЈО кој остана да дежура покрај опремата за прислушување во УБК, беше избркан по што јавната обвинителка Катица Јанева и нејзиниот тим се вратија во УБК да увидат што се случува. Портпаролката на СЈО Ленче Ристоска вчеравечер изјави дека се надева оти сето тоа е само недоразбирањекое денеска ќе биде надминато. Во меѓувреме на прес конференција министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски изјави дека со полициска асистенција ќе му пружи поддршка на СЈО и дека нема да дозволи никакви изнесувања на опремата или што било од кругот на МВР.

XS
SM
MD
LG