Достапни линкови

Временска прогноза - променливо облачно


Денеска не очекува променливо облачно време со локален дожд претпладне, а попладне потопло и со сончеви периоди. Ќе дува слаб југоисточен ветер. Утринската температура ќе се движи од шест до 13, а дневната од 14 до 20 степени.

Во Скопје променливо облачно со локален дожд претпладне, а попладне потопло и со сончеви периоди. Ќе дува слаб југоисточен ветер. Температурата ќе се движи од 11 до 18 степени.

Од недела до среда следува период на стабилно, суво и потопло време. Во среда кон крајот на денот под влијание на влажен бран ќе има врнежи од дожд, кои ќе продолжат и в четврток, проследени со северен ветер и опаѓање на температурата.

XS
SM
MD
LG