Достапни линкови

Силен земјотрес ја погоди Јапонија


Најмалку десет луѓе се повредени и една зграда е урната по денешниот земјотрес со интензитет од 6,6 според Рихтеровата скала, што го погоди западниот дел од Јапонија.

Земјотресот бил регистриран во 14:10 часпот по локално време во центарот на западната префектура Тотори на длабочина од 10 километри.

Аеродромот во соседната префектура Окајама е затворен и времено беа запрени брзите возови, како и дел од автопатиштата.

Околу 40 илјади домаќинства останаа неколку часа без струја. Владата на Јапонија формираше кризен штаб по земјотресот

XS
SM
MD
LG