Достапни линкови

СЈО со дел од податоците излезе од УБК


Обвинителите и истражителите од Специјалното јавно обвинителство попладнето ја напуштија Управата за безбедност и контраразузнавање откако обезбедија дел од податоците и документите за кои влегоа таму пред два дена.

Од СЈО испратија и официјално соопшти во кое се вели дека одземени се сите наредби за Посебни истражни мерки за следење на комуникациите и книгите за евиденција како и бараните компјутерски податоци од системот за следење на комуникација.

Во соопштението до СЈО се додава дека останува да се изврши дополнително одземање на компјутерските податоци за кои е потребна асистенција од надворешен експерт и оти очекуваат во наредниот период да се изврши и тој дел од наредбите“.

Со ова СЈО ќе ги комплетира сите информации кои им се потребни за да истражат кој прислушувал и кој бил прислушуван.

СЈО пред два дена влезе во УБК со налог од Кривичниот суд и ги побара сите податоци за броевите кои биле маркирани во УБК и кои се прислушувале во период од 2008 до 2015 година.

XS
SM
MD
LG