Достапни линкови

ОН:"Историски злосторства во Сирија"


Советот за човекови права на ОН во Женева отвори специјална седница за опколениот град Алепо во Сирија. На седницата, побарана од Велика Британија, се трага по резолуцијата за злоупотреби во северниот дел на градот, каде што околу 250.000 цивили се под опсада од сириските владини сили со поддршка од Русија. Во своето обраќање пред Советот шефот на ОН за човекови права Ра'ад Зеид ал-Хусеин побара акција против "злосторствата од историски пропорции." "Вооружени опозициски групи продолжуваат со нападите со минофрлачи и други проектили во цивилни населби во Алепо, но исто така и воздушните напади низ источниот дел на градот од страна на владините сили и нивните сојузници се одговорни за огромното мнозинство на цивилни жртви", рече Зеид.

XS
SM
MD
LG