Достапни линкови

Прекршочни пријави за напаѓачот на новинарот на Телма


Министерството за внатрешни работи соопшти дека се поднесени прекршочни пријави по Законот за прекршоците против јавниот ред и мир за напаѓачот на новинарот на Телма

Настанот се случил вчера околу 21:20 пред главната капија на МВР, кога 32 годишен скопјанец го нападнал новинарот на телевизија Телма. Напаѓачот го удрил повеќе пати оштетениот со раце и нозе во пределот на главата и телото, така што му нанел видливи повреди.

К.П. бил приведен во полициската станица Центар и по целосно расчистување на случајот поднесени му се прекршочни пријави по член 6 и член 12 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир, се вели во соопштението на МВР

XS
SM
MD
LG