Достапни линкови

Напади на милитанти во северен Ирак



Милитантите, вооружени со автоматски пушки и експлозив нападнаа цели во и околу северниот ирачки град Киркук .Нападот доаѓа во време кога ирачката влада и курдските сили прават големи напори да ги потиснат милитантите од Мосул,кој се наоѓа северозападно од Киркук. Претставници за безбедност, рекоа дека напаѓачите носеле самоубиствени елеци а цел на нападите биле полициските станици и контролни пунктови во Киркук и една трафостаница. Според извештаите, најмалку шест члена на безбедносните сили и осум милитанти се убиени, заедно со уште 11 луѓе кои работат во трафостаница, меѓу кои и двајца Иранци. Киркук е богата со нафта и се наоѓа 290 километри северно од Багдад.

XS
SM
MD
LG