Достапни линкови

Спречен обид за криумчарење 11 мигранти


Припадниците на Армијата на Македонија изутрината во близина на браната Паљурци на правецот кон Богданци во пограничното подрачје спречија обид за криумчарење мигранти во моторни возила управувани од македонски државјани.

АРМ соопшти дека во акцијата е спречено нелегално минување на 11 странски државјани од кои шест се деца.

Возилата со возачите и нелегалните минувачи сепредадени на надлежните органи од МВР на понатамошната постапка.

- Припадниците на АРМ повеќе од една година, со набљудување, патролирање и извидување во реонот на одговорност, спречија повеќе обиди за нелегални преминувања на државната граница, а денес вкупната бројка изнесува над дваесет илјади.

XS
SM
MD
LG