Достапни линкови

Убиени 18 курдски милитанти во Турција и Ирак


Турската војска соопшти дека убила 18 курдски борци во воздушните напади во југоисточниот дел на Турција и во северен Ирак.

Армијата соопшти дека 12 членови на Курдистанска работничка партија (ПКК) се "неутрализирани " денеска во Чукурца област во провинцијата Хакари, во близина на границата со Ирак.

Во северниот дел на Ирак,во напад во регионот на Басјан, загинале шест борци на ПКК.

Исто така, војската соопшти дека отворила оган врз цели на Исламската држава и на курдската Народна заштититна единица во северниот дел на Сирија.

Сириската армија ги нарече турските напади акт на "бесрамна агресија" и најви соборување на турските воени авиони кои влегуваат во сирискиот воздушен простор.

XS
SM
MD
LG