Достапни линкови

СЈО бара мерки на претпазливост за две лица од „Тендери“


Специјаланото јавно обвинителство денеска соопшти дека до Основниот суд Скопје 1 вчера се поднесени предлози за мерки на претпазливост за две осомничени лица во истрагата со случајот „Тендери“

Од Судот е побарано осомничените лица да се јавуваат еднаш неделно, односно секој вторник во 10 часот кај определено службено лице во Основниот суд Скопје 1 Скопје.

Во соопштението се додава дека за двете осомничени лица е побарано определување и мерка претпазливост одземање на патна исправа, поради постоење на околности кои упатуваат на опасност од бегство.

„Тендери“ е истрага што се однесува на изведување градежни работи на Музејот на македонската борба за државност и самостојност во Скопје, заедно со истрагата „Топлик“ во врска со продажба на градежната парцела за изградба на резиденцијалната насeлба „Сончев град

XS
SM
MD
LG