Достапни линкови

ОН: 500 луѓе загинале во офанзивата на сириските сили во Алепо


Источниот дел на Алепо, 19.10.2016.

Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун изјави дека околу 500 луѓе загинале, а скоро 2 илјади биле ранети откако на 23 септември сириската влада ја покрена офанзивата во источниот дел на Алепо што го држат бунтовниците. Тој наведе дека овој дел од градот се соочил со постојано и најинтензивно воздушно бомбардирање од почетокот на конфликтот пред повеќе од пет години. Обраќајќи му се на Генералното собрание на ОН, Бен Ки Мун ја поздрави паузата во бомбардирањето што почна вчера и изрази надеж дека тоа ќе доведе до итна евајкуација на цивилите.

XS
SM
MD
LG