Достапни линкови

ЕУ: можност за санкции против Русија и Сирија


Германскиот канцелар Ангела Меркел пред самитот на ЕУ. Брисел, 20.10.2016.

Лидерите на Европската унија во Брисел се согласија во осудата на „нападите врз цивили во Алепо што ги вршат сирискиот режим и неговите сојузници, пред се Русија“. Тие навестија и санкции доколку продолжат страдањата на цивилите во тој сириски град. Ова се наведува во заклучоците на евролидерите од првиот ден на нивниот состанок во Брисел. Во заклучоците се прецизира дека нема одлука за санкции, туку дека тие остануваат можност за во иднина и оти најмногу од тие санкции ќе бидат погодени властите во Дамаск. Санкции против Русија бараа Британија, Германија и Франција. Европските лидери разговараа и за заеднички пристап кон акциите на Русија во Сирија.

XS
SM
MD
LG