Достапни линкови

Времето денеска: претежно облачно со повремен дожд


Во Македонија ќе биде претежно облачно со повремен дожд. Повеќе врнежи се очекуваат претпладне и кон крајот на денот во западните делови од земјава. Ќе дува умерен ветер а наместа засилен ветер од југоисточен правец, наместа особено во Пелагонија ќе се засилува и се очекува да достигне до околу 70 км/час. Утринската температура ќе се движи од четири до 11, а дневната од 10 до 16 степени. Во Скопје ќе биде променливо облачно и релативно свежо време со повремен слаб дожд, особено предпладне. Температурата ќе се движи од девет до 15 степени.

XS
SM
MD
LG