Достапни линкови

Без истрага за прислушувањето нема излез од кризата


Архивска фотографија - Амбасадорот на САД во Македонија Џес Бејли на лидерска средба со потписниците на Договорот од Пржино.

Да се почитуваат законите и сите да соработуваат со Специјалното јавно обвинителство, порачуваат од Американската амбасада во земјава во изјава за НОВА. Од таму велат декаСЈО мора да има можност да спроведе длабока истрага за да се стави крај на политичката криза.

„Специјалното обвинителство мора да има можност да спроведе длабока, независна и истрага ослободена од препреки и одлагања и владините институции и политички партии треба да соработуваат во тие процеси. Според Договорот од Пржино, воспоставувањето одговорност за неовластеното прислушување и индициите за владини злоупотреби се клучен чекор за да се заврши политичката криза и да се врати земјата на патот за членство во ЕУ и НАТО, одговараат од Американската амбасада.

Ако не се истражат соодветно тврдењата за прислушувањето, решението на политичката криза не може да биде оддржливо, пишува британскиот амбасадор во Македонија, Чарлс Гарет на својот Фејсбук профил како одговор на прашања од медиумите за последните случувања. Тој вели дека нема да коментира за истрагите на Специјалното јавно обвинителство, но истакнува колку е важна работата на ова обвинителство. Тие имаат тешка работа да ги истражат наводите за прислушување и да утврдат дали има случај во тоа. Гарет потсетува дека Специјалното јавно обвинителство е производ на договорот на четворицата лидери на најголемите политички партии и дека тие едногласно го подржаа СЈО во Парламентот. Па затоа, додава амбасадорот, никој не треба да стои на патот на СЈО.

XS
SM
MD
LG