Достапни линкови

Контролирана експлозија на „сомнителен пакет“ во лондонското метро


Мапа на метрото во Лондон

Британската полициска служба за противтероризам евакуираше метро станица во Лондон и изврши контролирана експлозија да уништи, како што соопштија, „сомнителен пакет“ пронајден во еден од подземните возови. На прашањето дали се работи за можен терористички напад, инспекторите рекоа дека „имаат отворен ум“ за случајот. Полицијата била повикана во 11 претпладнево поради сомнителен пакет во воз на метро станицата Северен Гринич. Пакетот бил забележан во близина на затворениот комплекс за забава познат како Арена О2. Станицата беше затворена и по контролираната експлозија за онеспособување на пакетот.

XS
SM
MD
LG