Достапни линкови

Тачи - ДПА ќе придонесе за коректни и демократски избори


Архивска фотографија: Претседателот на ДПА Мендух Тачи на лидерска средба со потписниците на Договорот од Пржино

Лидерот на Демократската партија на Албанците во Македонија Мендух Тачи по денешната средба со американскиот амбасадор Џес Бејли изјави дека заеднички став е дека изборите се првата, но главната точка, која што ќе демонстрира подготвеност на Македонија како држава во која се спроведуваат изборите. Тачи средбата ја оцени како еден од најважните состаноци со американскиот амбасадор на која тие се фокусирале на изборниот процес.

„Констатиравме дека не се важни само институциите и индивидуалците, туку многу е важна политичката волја на сите субјекти кои ќе учествуваат во овој процес“, рече Тачи.

Посочи дека ДПА гарантира дека ќе даде свој придонес изборите да бидат по стандардите и вредностите на меѓународниот фактор, односно коректни и демократски.

На новинарско прашање за изборната единица 6, Тачи рече дека тоа е голем проблем, етнички, но и меѓу партиите на Албанците, за што укажал и на лидерската средба. Посочи дека ДПА останува на првичниот став за ИЕ 6 и продолжува да ја оспорува, но не може да биде алиби на некој што сака да го оспори одржувањето на изборите.

Во однос на работата на СЈО, Тачи рече дека не сака да зборува, кога зборува правдата и дека политички оценки може да даде на крајот на процесот.

XS
SM
MD
LG