Достапни линкови

Турција ги бомбардира сириските Курди кај Алепо


Алепо на 19 октомври

Турската армија соопшти дека нивните воени авиони извршиле 26 воздушни напади во северна Сирија, при што убиле околу 200 курдски борци. Нападите биле извршени на 19 октомври ноќта на север од Алепо, во областите кои курдските борци неодамна ги освоија од Исламската држава. Висок курдски командант изјави дека загинале не повеќе од 10 борци, додека сириски активисти велат дека има 11 загинати, како и дека има уништени згради кои курдските борци ги користеле како седишта, места за состаноци и магацини за оружје. Курдските борци се поддржани од САД во борбата против Исламската држава, но Турција ги смета за терористичка организација поврзана со Курдската работничка партија.

XS
SM
MD
LG