Достапни линкови

Јанакиески - Не сум виновен, СЈО води хајка против ВМРО-ДПМНЕ


Поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески

Целокупната постапка при продажба на земјиштето за изградба на Сончев град во Сопиште е спроведена согласно законот, реагира поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески во писмено соопштение.

Што се однесува на раскинувањето на договорот со фирмата победник на тендерот, до тоа дошло со одлуката на Уставниот суд за укинување на урбанистичкиот план, а не поради пропустите во работата на комисијата, пишува тој.

Специјалното јавно обвинителство денеска го најави отворањето истражна постапка за случајот „Топлик“ која се однесува на незаконско работење во Министерството за транспорт и врски.

Јанакиески, исто како и министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, обвинува дека мисијата што СЈО си ја поставило пред себе не е да се спроведува правда, туку политичка хајка против ВМРО-ДПМНЕ и кампања во корист на други политички чинители во Македонија.

XS
SM
MD
LG