Достапни линкови

Уапсен човек што планирал терористички напад во Русија


Главниот град на руската република Татарстан, Казан

Властите во руската република Татарстан, каде живеат претежно муслимани, соопштија дека уапсиле еден човек за планирање терористички напад. Портпаролката на Истражниот комитет во Татарстан Елвира Газизова денеска изјави дека 36-годишниот жител на главниот град на републиката, Казан, со соочува со обвиненија за планирање терористички напад и за поддржување меѓународна терористичка организација. Осомничениот, чиј идентитет не се соопштува, во јули изработил три експлозивни направи и ги тестирал, рече Газизова. Тој се сомничи дека планирал да искористи слична направа во напад врз локална фабрика. Тој исто така е обвинет за префрлање пари на Исламската држава во Сирија.

XS
SM
MD
LG