Достапни линкови

Дачиќ: притисокот од ЕУ за санкции против Русија, неприфатлив


Шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ

Шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ се пожали дека Европската унија прави „неприфатлив“ притисок врз Србија да воведе санкции против Русија. Во извештајот на Европската комисија објавен деновиве се наведува дека Брисел ќе продолжи да бара од Србија постепено да ја усогласува нејзината надворешна политика со онаа на ЕУ. „Србија сака да и се приклучи на Унијата, но никогаш нема да направи нешто против своите национални интереси“, изјави Дачиќ. Според најавите, Србија ќе и се приклучи на Русија во испраќањето хуманитарна помош за Сирија со руски авиони од руско српскиот хуманитарен центар во Ниш.

XS
SM
MD
LG