Достапни линкови

Клинтон и Трамп се судрија околу Русија


Американскиот демократски претседателски кандидат Хилари Клинтон и нејзиниот републикански ривал Доналд Трамп пред нивната третта и последна дебата во изборната кампања

Американскиот демократски претседателски кандидат Хилари Клинтон директно го обвини рускиот претседател Владимир Путин за сајбернападите врз политички организации во САД и познати сегашни и поранешни официјални лица. Судирајќи се со републиканскиот ривал Доналд Трамп на нивната третта и последна дебата во изборната кампања, Клинтон рече дека последното „протекување“ мејлови од американски групи и поединци било наредено од „самиот Путин“ со цел да му помогне на Трамп. Трамп од своја страна рече дека нема да ја обвинува Русија или која и да било друга страна за сајбернападите.

XS
SM
MD
LG