Достапни линкови

СЈО денеска ќе презентира две нови истраги


Прес конференција на Специјалното јавно обвинителство (СЈО). Обвинителките Ленче Ристoска, Катица Јанева и Фатиме Фетаи.

Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите ќе одржи прес конференција. На неа, како што е најавено, ќе бидат презентирани две нови истраги. Вчера истражители на Специјалното јавно обвинителство влегоа во Управата за безбедност и контраразузнавање со две судски наредби. „Во наредбите стои дека треба да ги преземеме сите мерки кои се доставени од страна на судовите од 2008 до 2015 година и сите разговори кои ги имаат снимено во тој период. Се уште работиме на тоа. Соработката оди тешко“, рече Катица Јанева. Дополнителниот заменик министер за внатрешни равоти Оливер Андонов пак изјави дека тимот на СЈО бил нестручен и неподготвен со, што можело да се предизвика упад во системот за следење на комуникации во тековните активности.

XS
SM
MD
LG