Достапни линкови

Убиен американски војник во воена база во Кабул


Авганистански војник.

Авганистанските власти велат дека вооружено лице кое носело униформа на авганистанската Армија убило најмалку еден војник на САД и повредило петмина други во авганистанска воена база во Кабул. Портпаролот на авганистанското министерство за одбрана, Давлат Вазари соопшти дека напаѓачот бил застрелан и убиен од страна на други меѓународни сили во базата во Кабул. Нападот се случил за време на посетата на меѓународни трупи на базата во Кабул.

XS
SM
MD
LG