Илјадници цивили ја напуштија областа околу Мосул во северен Ирак, каде што во моментов е во тек офанзивата против групата на Исламската држава (ИД). Хуманитарната организација „Спасете ги децата“ денеска соопшти дека во изминатите десет дена пет илјади луѓе ја поминале границата и пристигнале во кампот ал- Хол во Сирија. „условите таму се меѓу најлошите кои сме ги виделе и очекуваме наскоро уште илјадници да тргнат натака“, вели Тарик Кадир – шеф на групата за одговор на кризата во Мосул. Обединетите Нации соопштија дека во кампот се примени повеќе од 900 луѓе во последните 24 часа и се очекува да пристигнат уште 3.000 лица.