Руското министерство за одбрана потврди дека е распореден ракетниот систем С -300 во медитеранската поморска база во Тартус, Сирија. Во денешното соопштение е наведено дека целта е да се осигура безбедноста на поморската база. Ракетниот систем со проектили земја – воздух со голем дострел е дизајниран да пресретнува ракети и балистички проектили, како дел од одбрана на воени бази и големи индустриски капацитети.
Портпаролот на министерството за одбрана Игор Конашенков изјави дека сличен ракетниот систем С-300 е поставен во Москва. Во 2015 Русија постави два системи за воздушна одбрана со краток опстег на сириска територија.