Достапни линкови

Иванов на средба со рускиот епископ Тихон


Претседателот Ѓорѓе Иванов

Претседателот Ѓорге Иванов, денеска во Вила Билјана во Охрид оствари средба со епископ Тихон, викар на патријархот московски и на цела Русија, кој е во посета на Македонија. На средбата, како што соопшти кабинетот на Иванов, биле разменети мислења за односите меѓу Македонската православна црква-Охридска архиепископија и Руската православна црква, како и за севкупните состојби во православието.

Иванов ја истакнал потребата од натамошно интензивирање и збогатување на односите меѓу црквите, како и на релациите меѓу македонскиот и рускиот народ. Епископ Тихон истакнал дека Охрид и Македонија имаат значајна улога во ширењето на православието.

XS
SM
MD
LG