Достапни линкови

НАТО разгледува испраќање копнени сили на Балтикот


Американскиот секретар за одбрана Ештон Картер

Американскиот секретар за одбрана Ештон Картер изјави дека НАТО разгледува распоредување ротациони копнени сили на територијата на балтичките земји и на Полска за да се спречи евентуалната руска агресија. Тој во разговор со новинарите во текот на летот за Штутгарт каде што е седиштето на Командата на американските сили за Европа прецизира дека НАТО може да распореди околу 4 илјади војници во балтичкиот регион. САД во февруари решија да испратат околу 4 илјади и 200 војници во источна Европа, а според министерот Картер, одлуката за дополнителни војници би требало да биде донесена на состанокот на НАТО во јуни.

XS
SM
MD
LG