Достапни линкови

Опасност од дестабилизација на Крим


Шефот на рускиот Совет за безбедност Николај Патрушев

Шефот на рускиот Совет за безбедност Николај Патрушев соопшти дека украинскиот национализам и економскиот притисок може да ја дестабилизираат безбедносната ситуација на Крим, којшто Москва го анектираше од Украина пред две години.

„Ова е најмногу поврзано со политичките предизвици и економскиот притисок од нашите западни противници“, рече денеска тој.

Патрушев посочува дека Киев може да се обиде да го дестабилизира полуостровот користејќи го „националистичкиот фактор“ и оти екстремистички, националистички и паравоени групи се формираат во близина на украинската граница со Крим.

XS
SM
MD
LG